Connect with us

Тајмаут

НЕ МОЖЕ ДА ЧЕКА Која е убавата девојка која се сликаше со Ѓоковиќ и му кажа дека го сака? (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ овој понеделник го започнува својот поход кон титулата на Ролан Гарос против Александар Ковачевиќ.

Ден пред натпреварот Ноле се сретна со популарната чилеанска пејачка Ники Никол, која едвај чекаше да се сретне со Србинот.

Ники поради работни и други обврски замина на турнеја низ Европа, а во Париз имаше можност да запознае еден од нејзините идоли.

Таа испрати порака на социјалните мрежи откако се фотографираше со Новак.

– Те сакам, но ќе се правам дека не е така – објаснила Ники Никол преку својот Твитер профил, одговарајќи на фотографијата која стана вирална.