Connect with us

Ракомет

„Не сакам да видам 500 Македонци на трибини, а само три Словенци“, изјави селекторот Врањеш

Словенците се познати за нас, често пати сме вкрстувале со нив на големите собири, а среќата посака да бидат и прв противник на овој собир.

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш повика на поддршка од публиката, а за пример ја даде токму Македонија. Тие стравуваат и од оваа освежена репрезентација на чело со селекторот-играч Кире Лазаров

„Навивачите се многу важни за нас. Не сакам да видам 500 навивачи од Македонија на трибините, а само тројца од Словенија. Би сакал да има надвикување, да има натпревар и на трибините, не само на терен. Се надевам дека ќе дојдат многу наши навивачи и ќе ни помогнат, а ние ќе знаеме како да им се оддолжиме“, изјави Врањеш.

Инаку, Врањеш за мечот со Македонија рече дека нашата репрезентација е најтежок можен противник за дуел од прво коло, бидејќи игра со цело срце, и вели дека ако голманите се разбранат, а Кирил Лазаров добие поддршка во нападот од другите, Македонија може да биде многу опасен тим.

Реклама

Facebook

Реклама