Фудбал
Не се бираат средства: Серхио Рамос го провоцира Мохамед Салах
Фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул вечерва во Киев го играат големото финале на Лигата на шампионите
Љубовниците на најважната споредна работа во светот со нетрпение го чекаат почеток на финалето во кое Реал и Ливерпул ќе ги одмерат своите сили. „Психичките игри“ на двете страни започнаа одамна, и се чини дека капитенот на „Кралевите“, Серхио Рамос, се уште не го кажа сето она што го има за кажување.
Рамос за шпанските медиуми изјавил дека не може да поверува дека некој може да го споредува Мухамед Салах, и за него да каже дека е на исто ниво со Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
„Да споредувате некои играчи со Роналдо и Меси е нешто што не можете да го направите. Не можам да верувам дека некој вели за Салах дека е на нивното ниво. Постојат играчи кои во моментов се во мода, но доаѓаат и си одат, но има и такви кои остануваат. Салах е брилијантен и нема никакви дилеми, но да се каже дека е новиот Роналд или Меси е смешно“, рече Рамос.