Connect with us

Фудбал

Не сум видел играч како Миовски во Премиер лигата, клубот ќе добие многу пари-новиот тренер на Абердин за македонскиот „бомбардер“

Нил Ворнок од пред неколку дена е назначен за нов тренер на Абердин, тим за кој настапува македонскиот напаѓач Бојан Миовски. Тој засега има одлична сезона, а како што вели новиот тренер, му предвидува до крајот дека ќе постигне 30 голови. Ворнок вели дека му е драго што во зимскиот преоден рок Миовски не бил продаден и покрај тоа што имало интерес за него.

-Му кажав на Миовски, не сум видел играч како тебе ниту во Премиер лигата, не само во Шкотска. Мило ми е што ниту еден друг клуб не го купи Бојан зимава. Клубот ќе добие многу пари од неговиот трансфер, вели Ворнок, а пренесуваат шкотските медиуми.

Абердин во моментов е на деветото место, а Миовски е втор стрелец во лигата со 13 погодоци на 23 мечеви, а има и две асистенции. Во минатото коло се најде во тимот на колото во Шкотска.

Advertisement