Connect with us

Ракомет

Неагу во Скопје испиша историја, стана најдобра во женска, но и во машка конкуренција (ВИДЕО)

Ракометарката на Романија, Кристина Неагу во Скопје испиша историја на мечот со Црна Гора (34:35). Имено, таа влезе во историјата на европските првенства станувајќи најдобриот стрелец на сите времиња во женска, но и во машка конкуренција.  Таа досега има постигнато 296 погодоци, а многу веројатно е дека денеска по дуелот против Германија ќе ја надмине и бројката од 300 гола. Инаку, мечот Романија-Црна Гора се играше во Скопје, бидејќи нашата држава е кодомаќин на континенталниот собир заедно со Совенија и Црна Гора. Во моментов се играат мечевите од втората фаза, а Македонија е елиминирана со три порази уште во првата фаза.

 

Facebook

Реклама