Фудбал
Неексплодирана бомба од 500 кг пронајдена во близина на стадион на германски тим!
На стадионот на бундеслигашот Мајнц е пронајдена бомба од Втората светска војна. Имено, се работи за експлозивна направа тешка 500 килограми на американската армија која беше откриена во средата при градежни работи на проширување на универзитетот лоциран во близина на стадионот.
😱💣 Descubren una bomba de 500 kilos de la Segunda Guerra Mundial sin detonar en un estadio de la Bundesliga https://t.co/BxGOXQ0mkw
— MARCA (@marca) April 25, 2024
Се се случи во близина на МЕВА Арената, повеќенаменски стадион во Мајнц кој се наоѓа во населбата Мајнц и со капацитет од 33.034 гледачи. Поради страв од можна детонација и со цел никого да не се повреди, се планира евакуација на околу 4.600 жители кои живеат во тој реон и кои ќе мора да ги напуштат домовите додека пожарникарите не ја активираат направата.