Фудбал
Нејмар и одговори на Барселона
Минатото лето меѓу останатото ќе остане запаметено и поради кокетирањето помеѓу Барселона и Нејмар. Офанзивецот во ПСЖ дојде токму од каталонскиот тим за 222 милиони евра, што го прави најскап фудбалер на светот.
Меѓутоа, делува дека Базилецот не се откажал од своите желби. Шпанскиот весник „Спорт“ тврди дека Нејмар ги откажал преговорите со ПСЖ за нов договор, што е еден вид јасна порака дека Бразилецот сака да замине од Париз.
Нејмар оваа сезона поради повреда забележа само четири голови во пет одиграни натпревари.