Фудбал
Нејмар ќе замине во Реал ако не го сакаат Барселона назад
По краткиот период во Париз, бразилскиот ас како да се покаја и бара прошка од некогашните соиграчи за да се врати назад во Барселона која оваа сезона игра како препородена без него. Интересно е што Нејмар по заминувањето влезе во спор со Барселона за сума од 26 милиони евра за лојалност и речиси сам ја плати откупната клаузула од 222 милиони. Според медиумите Нејмар разговарл за опцијата кам-бек со Меси, Сузарез и Пике за да го испита теренот бидејќи се шпекулира дека кавгата со Кавани остава голема трага врз него.
Сепак на теренот како да нема незадоволство. ПСЖ е веќе во следната фаза од ЛШ а Нејмар на 12 средби има 11 голови и 9 асистенции.