Connect with us

Тајмаут

Нејмар пред органите на редот, спонзорите се откажуваа и ги стопираат договорите

Бразилскиот фудбалер Нејмар даде изјава во полициска станица во Рио де Жанеиро откако манекенката го обвини за силување, рече неговиот адвокат Мариа Фернандес.

„Апсолутно сме уверени дека ќе докажеме невиност за нашиот клиент“, рече Фернандес.

Напаѓачот на ПСЖ, кој го негира обвинението дека ја силувал Тринидад во хотел во Париз 15. мај, се заблагодари на фановите кои беа собрани пред полициската станица за поддршката која му ја дадоа.

„Сакам да ви се заблагодарам за убавите желби , и сакам да кажам дека се чувствувам навистина сакано“, рече Нејмар.

Тринидад минатиот петок го обвини Нејмар за силување, кажувајќи во интервју за едан бразилска телевизија дека сака правда.

Еден од спонзорите на Нејмар соопшти дека е „навистина загрижен“ поради обвинението против Нејмар.

Еден веќе ја откажал рекламната кампања со фудбалската звезда и порача дека ја суспендира соработката со Нејмар се додека оваа „ситуација не се расчисти“.

Бразилскиот фудбалски сојуз објави дека Нејмар поради повреда ќе го пропушти претстојниот Куп на Америка