Connect with us

Фудбал

Нејмар си купил куќа во Мадрид, Флорентино исполнува тоа што ветува

Сепак, првиот човек на Кралскиот клуб, Флорентино Перез се уште го сонува Нејмар како го носи белиот дрес и не крие дека сака да го пресели на Сантијаго Бернабеу.

Убеден сум дека многу полесно ќе ја освои “Златната топка”, доколку игра за Реал Мадрид. Реал е клуб во кој имате се што е потребно за да бидете голем фудбалер. Не кријам дека веќе еднаш се обидов да ги осигурам неговите услуги, изјави Перез за време на доделувањето на “Златната топка” за 2017 година .

Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека Нејмар веќе купил куќа во Мадрид и дека веќе се подготвува за спектакуларниот трансфер во редовите на Реал.