Фудбал
Нејмар во Мадрид, Тухел вели: Не сум му татко да му кажувам што да прави
Бразилецот Нејмар се опорави од повредата, почна да тренира, а по подолго време се очекува да се врати на натпреварите.
Но, во вторникот Нејмар беше во Мадрид, но на Дејвис Куп. Му беше специјален гостин на Жерар Пике од Барселона. Во последно време има шпекулации дека тој ќе оди во Барса, а оваа ситуација ги „подгреа“ тие информации.
Нејмар во Мадрид заминал без дозвола од клубот.
Тренерот на ПСЖ, Тухел вели дека не му се допаднало тоа, но додава дека не може да изигрува полицаец.
-После летот што го имаше, следното утро беше на тренинг. Нормално дека не ми се допаѓа тоа што го направи, но тренираше добро и од тоа можам да бидам задоволен. Не можам да направам ништо во ваква ситуација. Не сум му татко, не можам да глумам полицаец, изјави Тухел.