Фудбал
Нека продолжи традицијата, Македонија на победа против Словенија
Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток во 20:45 часот го игра квалификацискиот натпревар против Словенија. Познато е дека еден од подобрите наши играчи нема да настапи, а тоа е Енис Барди. Сепак, селекторот Ангеловски вели дека 11-те фудалери кои ќе истрчаат од првата минута на теренот, ќе го дадат максимумот се со цел да се стигне до победа и трите бода.
-Очекувам добар натпревар, дуел на слични репрезентации на теренот. Имаме две отсуства, за нас тоа е проблем, но на терен ќе излезат 11 подготвени фудбалери, спремни за борба и игра и за она што сите го посакуваме. Не се сомневам во моите фудбалери. Не ме интересира во моментов табелата, размислувам само како да ја добиеме Словенија. Размислувам од меч во меч, прво Словенија, а потоа Полска, изјави селекторот Ангеловски на прес конференцијата.
И Словенија сака три бода од овој меч со цел да ги задржи шансите за пласман на ЕП. Но, традицијата е на страната на македонската репрезентација. Овие две селекции досега одиграле пет меча, од кои четири пријателски. Последната пресметка е во рамките на квалификациите за ЕП. Одиграна е во март оваа година и заврши без победник 1:1. На останатите средби Македонија има три победи и еден пораз.
Сите во таборот на нашата репрезентација посакуваат да продолжи традицијата. Така нека биде и вечерва.
ПЕТТЕ ПРЕСМЕТКИ НА МАКЕДОНИЈА И СЛОВЕНИЈА
КВАЛИФИКАЦИИ ЕП: СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:1
ПРИЈАТЕЛСКА: СЛИВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:0
ПРИЈАТЕЛСКА: МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 3:2
ПРИЈАТЕЛСКА: МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 2:0
ПРИЈАТЕЛСКА: СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:4
КВАЛИФИКАЦИИ ЕП 2020
ГРУПА Г:
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА
АВСТРИЈА- ИЗРАЕЛ
ЛЕТОНИЈА – ПОЛСКА
ТАБЕЛА: Полска 13, Словенија 11, Австрија 10, Македонија 8, Израел 8, Летонија 0.