Фудбал
Некогаш соиграчи сега ривали – „Мора да внимаваме на Пандев“, вели напаѓачот на Вест Хем, Арнаутовиќ
Некогашните соиграчи во Интер во сезоната 2009/2010 година Горан Пандев и Марко Арнаутовиќ вечерва ќе бидат ривали на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
До своите соиграчи Арнаутовиќ испратил и порака дека треба да се внимава на Пандев бидејќи како што вели тој се работи за еден од најдобрите и најискусните во македонската репрезентација.
„Се знаеме многу добро, драго ми е што повторно ќе се сретнеме. Тој има една многу добра кариера зад него и тој е клучен играч на македонската репрезентација. Мораме да внимаваме на Пандев“, вели напаѓачот на Вест Хем, Арнаутовиќ.