Connect with us

Фудбал

Нема место за напаѓачот на Јувентус кај Сампаоли, иако е во одлична форма

Селектор на Аргентинската репрезентација, Хорхе Сампаоли, објави список на играчи на кои смета за претстојните пријателски натпревари против Русија и Нигерија.

Чилеанскиот тренер подготвува тим за Светското првенство во Русија, бура во јужноамериканската држава предизвика тоа што еден од најдобрите напаѓачи во одлична форма, не е на списокот на Сампаоли. Играчот на Јувентус, Гонзало Игуаин, не е на списокот иако ги постигна последните 3 гола за Јувентус против Спортинг и на дербито против Милан.

На списокот има шест играчи од Серија А, што може да се види на сликата подолу: