Connect with us

Фудбал

Нема санкции за судијата кој го удри Робертсон

Судијата Константин Хацидакис, кој со лакт го удри во лице левиот бек на Ливерпул Робертсон по кавга, нема да биде санкциониран, соопшти Фудбалската асоцијација.

„Внимателно ги разгледавме сите докази во врска со неодамнешниот инцидент на „Енфилд“ во кој беа вклучени дефанзивецот на Ливерпул Робертсон и судијата Константин Хацидакис и решивме да не преземаме ништо“, се вели во соопштението.

И помошниот судија го прокоментира инцидентот: „Разговарав за тоа со Робертсон, имавме отворен и позитивен разговор. Не сакав да го допрам кога ја повлеков раката наназад и за тоа се извинувам. Со нетрпение очекувам да се вратам.”