Фудбал
„Нема потреба од страв, и Французите се луѓе од крв и месо“
Франција и Украина не можат да бидат задоволни. „Жолто-сините предводени од Олександар Петраков имаат повеќе причини за незадоволство и фрустрација, а по четири дуели во групата Д, не се ни блиску до потврда на она на што се надеваа.
„Им реков на момците да играат како и на секој друг натпревар. Да, ова е Фрација, но кога играте фудбал, не треба да се плашите од никого. И тие се луѓе како нас“ – изјави наследникот на Андриј Шевченко на клупата на Украина.
Петраков објасни која е разликата помеѓу младите и искусните фудбалери.
„Има разлика. Младите ме слушаа со отворени усти. Во А тимот со искусните, потребен е поинаков пристап. Многу разговарам со играчите, искусните како Пјатов и Јармоленко многу ми помагаат“ – додава Петраков.
Украина ги пречекува Французите, откако пред три дена остана без целиот плен во Казахстан.