Connect with us

Фудбал

Нема повеќе трансфери од над 100 милиони евра

ФИФА сака да предложи опции за правна заштита на играчите во врска со пандемијата на коронавирус, изјави Џани Инфантино, претседател на светската куќа на фудбалот.

Голем број на тимови, меѓу кои Вердер Бремен, Борусија Менхенгладбах, Олимпик Лион и Хартс, најавија дека ќе ја намалат платата на играчите поради глобалната пандемија.

Тој најави и дека ќе се стави крај на трансферите вредни над 100 милиони евра.

– Бројките беа превисоки, се трошеа 100 милиони евра по играч. Но, тоа ќе се промени, нема да има повеќе вакви трансфери. Проблемот е што клубовите што го потпишуваат договорот никогаш нема да ги вратат парите. Таксите ќе бидат намалени, рече Инфантино во интервју за „Марка“.