Connect with us

Ракомет

Нема позитивни, ракометарите на Еурофарм Пелистер утре патуваат за Гудме (ФОТО)

Еурофарм Пелистер го одработи последниот тренинг пред да замине во Данска, каде што во вторник го игра нивниот прв меч од ракометната Лига на Европа.
Сите ракометари на битолскиот тим имаат негативни резултати од тестовите на коронавирус, па тоа е одлична вест за Еурофарм Пелистер кој патува за Гудме, каде што се надева дека ќе го запише првиот триумф.

Ривалот на Битолчани веќе одигра еден меч во Лигата на Европа, но загуби со 28-29 од Кадетен Шафхаузен.