Connect with us

Тајмаут

Нема се*с за една вечер на СП во Катар, кој ќе го прекрши правилото, ќе оди во затвор!?

Претстојниот Мундијал во Катар ќе биде многу невообичаен за навивачите, не само затоа што се игра во зима, туку и затоа што има правила кои не смеете да ги прекршите доколку не сакате да завршите во затвор. Едно од тие правила е дека нема секс освен ако не сте во брак.

Сексот е забранет за сите кои не се во брак, што значи дека сите обожаватели можат да заборават на задоволство за една ноќ, но и на размената на нежности со девојка, бидејќи во тој случај може да завршат во затвор. Според пишувањата на медиумите, на оние кои ќе го прекршат правилото им се заканува затворска казна до седум години.

“Сексот е забранет, освен ако не дојдете на Светското првенство како брачен пар. Навивачите мора да бидат подготвени. Ова ќе биде прво Светско првенство со такви забрани”, соопшти полицијата, пренесува Dailystar.

Сексот надвор од бракот и хомосексуалните односи се нелегални во Катар, кој за првпат ќе биде домаќин на Светското првенство, пишува „Dailystar.co.uk“.

Реклама

Facebook