Ракомет
Ненадиќ: Вардар беше подобар
Јунакот на Веспрем од полуфиналната средба со Кјелце, Петар Ненадиќ не успеа да ја повтори играта и против Вардар. Во финалето постигна само четири голови и на крајот спортски призна дека Вардар беше подобар тим и заслужено се радува на вториот трофеј во последните три години. Неговиот Веспрем ќе мора да чека нова шанса за да дојде до првата титула, а досега ги загуби сите четири финални натпревари. Српскиот репрезентативец спортски му ја честиташе победата на Вардар.
– Честитки за Вардар и за Македонија за големата победа. Имам многу пријатели во овој клуб. Денешниот натпревар го загубивме во првото полувреме, едноставно не игравме на вистинско ниво за финале. Нашиот противник имаше одлична сезона – изјави Ненадиќ.