Connect with us

Фудбал

„Неостварениот трансфер во Реал ме направи посилен!“

Минатото лето беше тешко за Мбапе, промаши одлучувачки пенал против Швајцарија на ЕП, а не успеа ниту да направи трансфер во Реал Мадрид и покрај неколкуте понуди од шпанскиот клуб.

Французинот Килијан Мбапе игра во одлична форма, а на последниот натпревар за Франција во квалификациите за Светското првенство против Казахстан постигна хет-трик.

„Тоа што ми се случи ова лето, ме направи посилен. Промашувањето на одлучувачкиот пенал против Швајцарија, па пропаднатиот трансфер, го ставаат вашиот ум и вашите вештини на тест до крајни граници. Одговорив на најдобар можен начин“, вели Мбапе.

„Сега имам повеќе самодоверба од претходно, но скромен сум и посветен да одиграм добра сезона. Знам за што сум способен. Работам напорно“.

„Мојата иднина? Не знам уште. Во Париз сум. Веќе поминав пет одлични години тука, уживав во секој момент и продолжувам тоа да го правам“.

На вчерашниот меч против Казахстан, во уверливата победа со 8:0, тој учествуваше со четири голови и на најдобар можен начин потврди во каква форма е во моментов. За него се уште постои интерес од Реал и сигурно дека идното лето „кралевите“ ќе дојдат по негоивот потпис.