Тајмаут
Нереални сцени: Леброн Џејмс бега од група девојки кои сакаат да го фатат (ВИДЕО)
Леброн Џејмс е една од најголемите светски спортски ѕвезди.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс има милиони фанови ширум светот, а таа популарност често му создава одредени проблеми.
Секако, популарноста што ја има ги привлекува и жените кои би сакале да го видат Леброн во своите раце, иако тој е во хармоничен брак веќе 20 години.
Дека е миленик на жените покажува и видеото кое се појави на социјалните мрежи и на кое наводно е Леброн.
За време на едно излегување, ѕвездата на Лејкерси беше буквално нападната од жени. Неколку групи се обиделе да дојдат до него, а на снимката се гледа како Џејмс бега од нив.
За тоа го искористил ескалаторот. Иако водат во спротивна насока, Брон се спуштил додека девојките останале зад него и го повикувале да им се придружи.
Why bron go on the other side of the escalator ??? I’m crineeee pic.twitter.com/NyMEvXMJAM
— Maxisnicee (@maxisnicee) February 13, 2022
Неверојатна сцена, но и доказ дека Леброн нема намера да се дружи со девојки со лесен морал. Сепак, не е потврдено дека тоа навистина бил Леброн или некој што личи на него.