Неверојатна е животната приказна на херојот на Торонто: Очувот го тепал секој ден!

Торонто Репторс во финалето на НБА лигата успеаа да го совладаат Голден Стејт Вориорс со 4-2 и дојдоа до историската прва титула во најсилната лига на светот. Херој во шестиот меч беше бекот Фред Ван Влет. Овој 25-годишен кошаркар ги погоди клучните поени, уфрли 22 поени од кој дури 12 во последната четвртина.

Иако навивачите на Репторс често го критикуваа тренерот Ник Нурс поради довербата која ја има во него, затоа што на почетокот на плејофот беше навистина очаен. Сепак, тој се препороди на денот кога доби син. Син му се роди пред четвртиот натпревар од серијата против Орландо Меџик и од тој момент Ван Влет игра неверојатно.

„Имам нова перспектива во животот. Имав доста време за размислување и сфатив дека не треба премногу да жалам кога имам лош ден. Син ми е виновен за формава, мислам дека сум подобар затоа што немам сон“, кажа Ван Влет.

Тој имал навистина тешко детство. Татко му бил убиен кога тој имал пет години и тоа поради криминални активности во кои бил умешан. Неговиот очув Данворт бил немилосрден и често го тепал.

„Цело време го тепаше. Кога го носеше во училиште тоа му беше нешто најтешко што го дожуваваше. Нема да седиш и да бидеш пропалица. Нема да бидеш просечен, затоа што тоа секој го може. Ти ќе бидеш нешто посебно“, му велел тој.

Ван Влет призна дека го мразел очувот.

„Беше многу злобен. Ме тепаше мене и моите браќа, а јас тоа не го разбирав. Бев само дете. Сега се има смисла. Разбирам зошто толку ме форсираше. Не би бил овде без тебе. Те сакам“, му испрати порака Ван Влет на очувот.