Фудбал
Неверојатниот Лацио, од 3:0 израмни на 3:3 против Аталанта
Лацио беше на чекор до пораз пред своите гледачи од секогаш незгодната Аталанта. Гостите од Бергамо имаа големо водство од 3:0, стекнато со двата гола на Муриел и еден на Гомез во првото полувреме.
Сепак, вториот дел, веднаш на стартот тренерот на Лацио Симоне Инзаги прави две измени и тоа донесе резултат. Во 69-та од пенал Имобиле намали на 3:1, само една минута подоцна напаѓачот му асистира на Кореа за 3:2, а во судсиското продолжение Имобиле од пенал ги поставува конечните 3:3.
Со овој бод Аталанта ќе ја задржи третата позиција на табелата со 17 бодови, додека Лацио е на шестото место со 12.