Фудбал
Невиден срам по финалето на ФА Купот, принцот Вилијам поцрвене од срам (ВИДЕО)
Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 2:1 во финалето на ФА Купот и ја обезбедија двојната круна во Англија, по титулата во Премиер лигата.
Херој на Граѓаните беше Илкај Гундоган со два гола, а стрелец за тимот на Ерик Тен Хаг беше Бруно Фернандеш од пенал.
Медалите за фудбалерите на двата тима ги додели принцот Вилијам. Најпрво наградата околу врат ја добија тажните фудбалери на „црвените ѓаволи“, а потоа следеше победничкиот тим на „синиот“ Манчестер.
Во моментот кога на ред дојдоа последните двајца играчи кои ги избра Пеп Гвардиола, херојот Гундоган и Кевин Де Брујн, недостигаше медалот.
Дамите од организацијата им гестикулираа на Белгиецот и Германецот, очигледно извинувајќи им што мораше да чека.
Имаше превид, а идниот крал мораше да поцрвене од срам.
Церемонијата на трофејот и медалите заврши, а двоецот на Манчестер Сити немаше медали околу вратот. Работата да биде уште полоша за организаторите, Гундоган е и капитен, а го крена и трофејот од ФА Купот.
Во продолжение погледнете ги надреалните сцени:
Подоцна камерите го фатија Де Брујн со медалот додека започнаа прославите по церемонијата, но на Гундоган немаше ништо околу вратот. Најверојатно ќе му го испратат на домашна адреса во наредните денови кога ќе направат уште една.