Connect with us

Тајмаут

Никој не ни знаел: Мбапе преживеал страшна драма пред одлучувачкиот натпревар на СП

Килијан Мбапе го играше финалето на Светското првенство против Хрватска, а кој би знаел што би било доколку не беше подготвен.

Младата ѕвезда на ПСЖ беше под знак прашалник за финалниот натпревар, а дури сега „L’Equipe“ објави дека Мбапе имаше страшни болки поради тоа што му се вкрсти некој нер во грбот додека се тушираше пред натпреварот со Белгија вво полуфиналето.

Мбапе беше парализиран во собата, легна на креветот и едвај го повика докторот на француската репрезентација.

Визиотерапевтите цела ноќ работеа на тоа да ја оспособат младата ѕвезда за дуелот со Белгија, а на крајот сепак заиграл иако грбот непрестано го болеше.

Успеа да ги одигра последните два натпревари од Мундијалот и покрај силните болки, а награда за сето тоа е трофејот на светски шампион. Мбапе беше избран за најдобар млад играч на турнирот, сега е една од главните ѕвезди, а нема ни 20 години.