Connect with us

Други спортови

Никола Ѓуретановиќ дебитираше на Олимпијадата во Париз со послабо време од очекуваното

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ дебитираше за нашата земја на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз, но 17-годишниот пливач исплива под неговото пријавено време.

Нашиот претставник се натпреваруваше во Групата 1 на 400 метри слободен стил и заврши како петти од пет учесници. Ѓуретановиќ ја заврши трката со време од 4:05.38 минути, што е за три секунди послабо од неговото пријавено време.

Илијас Ел Фалаки од Мароко победи во групата, а по него следеа Џибрил Раеквон Ноел од Гвајана, Алберто Вега од Костарика и Мохамед Ридван од Кенија. Ѓуретановиќ заостануваше 3,79 секунди зад победникот во својата група.

Во својата група, Ѓуретановиќ беше единствениот претставник од Европа и заврши на последното место во ранкингот. Од вкупно 37 пријавени пливачи во оваа дисциплина, тој го зазеде последното, 37 место.

Најдоброто време во дисциплината го имаше Лукас Маертенс од Германија со 3:44.13 минути, следен од Гиљерме Кошта од Бразил (3:44.23) и Ливеи Феи од Кина (3:44.60). Ѓуретановиќ имаше време кое беше за 21,25 секунди послабо од најбрзото време.

Advertisement