Ракомет
Никола Карабатиќ играше заразен, но ЕХФ има оправдување за тоа
Кронавирусот прави големи проблеми на Европското првенство во ракомет во Унгарија и Словачка.
Многу играчи се заразени за време на првенството и сите репрезентации секојдневно се загрижени дали некој играч ќе биде позитивен на коронавирус.
Позитивен резултат дојде до францускиот репрезентативец и еден од најдобрите светски ракометари Никола Карабатиќ, но тоа не му претставува проблем со оглед на тоа дека може да игра заразен.
Имено, тој се зарази со вирусот КОВИД-19 и играше против Исланд, а ќе игра и против Црна Гора.
Како е тоа можно? ЕХФ има објаснување. Карабатиќ доби позитивен резултат по мечот со Холандија, а позитивен беше и во декември минатата година.
Врз основа на тоа, лекарите процениле дека Карабатиќ има доволно антитела и дека како таков не претставува опасност за другите луѓе. Така, тој стана првиот играч на овој турнир, а веројатно и спортист воопшто, кој настапи позитивен на КОВИД-19.