Фудбал
Ништо од „Ел Класико“, датумот се поместува
Според шпанските медиуми раководството на Ла Лига, во разговор со клубовите Реал Мадрид и Барселона донеле одлука за одложување на првото „Ел Класико“ езонава. Се спомнуваат два датума, 4-ти или 18-ти декември.
Причината е одлуката на Шпанскиот врховен суд да осуди на затворска казна од 3 до 9 години каталонски политичари поради обидот во 2017 за независност на Каталонија.
Во моментов во градот Барселона владее вистински хаос бидејќи голем број на Каталонци излегоа на протести, кои станаа насилни и бараат ослободување на политичарите. Полицијата распиша и потерница, налог за апсење на Карлес Пуџдемон, поранешен лидер на Каталонија, кој од 2017 е во егзил во Белгија.

Владата на Шпанија, во консултација со раководството на Ла Лига и двата клуба Барселона и Реал Мадрид постигнале договор за одложување, односно поместување на датумот за одигруавње на „Ел Класико“, со цел да се избегнат несакани инциденти.
Првата пресметка помеѓу Барселона и Реал Мадрид според календарот е на 26 октомври на „Ноу Камп“.