Ракомет
Ништо од трето место, Вардар поразен и од ПСЖ
Во исклучително тежок натпревар во кој можевме да видиме брза игра и цврста одбрана од двете екипи, ПСЖ успеа во последните минути од натпреварот да издвојува победа над Вардар со 29:28.
Вардар одлично го започна натпреварот, и во првото полувреме имаше предност од три гола во 12. минута (6:3).
Во 21. ПСЖ успеа да ја анулира предноста на Вардар, и да изедначи на 10:10.

Во 25. минута, ПСЖ само на момент дојде до предност од 12:11, бидејќи Вардар со серија од два гола повторно ја враќа предноста во 26. минута и оди на плус еден (13:12).
На самиот крај на првото полувреме, во последната минута Вардар доаѓа до водство од 15:14, и со овој резултат оди на полувреме.
Вардар одлично го започна и второто полувреме, стигна до предност од 17:14.
Во 38. минута ПСЖ резултатски се доближи до Вардар, односно го изедначи резултатот на 20:20.

Во средината на второто полувреме се играше гол за гол, и Вардар и ПСЖ играа цврсто во одбраната, а и во нападот.
Македа во 43. минута од натпреварот заработува црвен картон, но и покрај тоа што Вардар остана две минути со играч помалку, Дибиров успеа да погоди за предноста на Вардар од 22:21.
Многу грешки направија и Вардар и ПСЖ во средината на второто полувреме, наместо гол за гол, влегуваа од грешка во грешка.

Постојаната предност од еден гол, Вардар ја загуби во последните минути, и мораше да брка негатива. ПСЖ во 58. минута дојде до предност од два гола (28:26).
Сепак крајот му припадна на ПСЖ, ги искористија грешките на Вардар, на крајот славеа со 29:28 и го освоија третото место во Лигата на Шампионите.