Тајмаут
Ниту Мендес ниту Раиола, еве кој е најмоќен менаџер во 2019 година
Џонатан Барнет е помалку познато име од Хорхе Мендес и Мино Раиола, но истражувањето на „Форбс“ не лаже. Тој е најмоќниот спортски менаџер на светот за 2019 година.
Англичанецот ја води „Stellar Group“, агенцијата која внимава на интересите на ѕвездите како Шчесни, Бејл и Саул. 128 милиони долари во надоместоци за провизија и 1,3 милијарди долари во договори.
Мендес (шеф на „Gestifute“, кој управува со ѕвезди како Кристијано Роналдо, Кансело и Мурињо) е на третото место со 118 милиони долари во надоместоци за провизија и договори во вредност од 1,2 милијарди долари.
Раиола е на петтото место со 70,3 милиони долари во надоместоци за провизија и договори во вредност од 703 милиони долари.
