Тајмаут
Ниту родена мајка не би го препознала екс напаѓачот на Милан и Атлетико (ФОТО)
Некои фудбалери радикално се менуваат по завршувањето на кариерата, а тоа е случај и со поранешниот напаѓач на Милан, Атлетико и Виљареал. Фернандо Торес и Зе Роберто се дел од поранешните играчи кои доживеаја шокантна трансформација и кои денес изгледаат како вистински кревачи на тегови. По својата играчка кариера, на теретаната се посвети и Хозе Мари, денес 43-годишен поранешен шпански репрезентативец и напаѓач кој постигна десетици голови играјќи за Милан, Атлетико или Виљареал.
Тој, барем судејќи по фотографиите, може да се нарече најелоквентен случај на трансформација по пензионирањето.
Играше и за Виљареал, Бетис, Гимнастик де Тарагон и Ксерез, а во 2013 година реши да се повлече од фудбалот.
Во дресот на Шпанија има четири настапи и еден гол, а пред девет години се посвети на фитнесот.