Кошарка
Ноа се договори со Мемфис
Екипата на Мемфис донесе одлично засилување во своите редови, откако потпис во овој клуб стави францускиот центар Жоаким Ноа. Ноа има 33 години, а беше дел од ростерот на Њујорк, но двете страни решија да ја прекинат соработката. Ситуацијата ја искористи Мемфис, чија управа реши дека е потребно засилување под обрачите.
Искусниот кошаркар има 625 меча во НБА лигата во својата кариера, но во последните три сезони има проблем со повредите. Сумата на трансферот на Ноа во Мемфис изнесува најмалку 1,73 милиони долари.