Фудбал
Нојер продолжи со тренинзите
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер конечно ги продолжи тренинзите. Германскиот репрезентативец ја скрши ногата за време на неговиот одмор по Светското првенство во 2022 година во декември.
Селекторот на Баварците, Томас Тухел, објави дека Нојер веќе тренира со топка, иако не со полна брзина.
Баерн не планира да ризикува со здравјето на Нојер, па голема е можноста тој да не се врати на терените до крајот на сезоната. Вакви беа предвидувањата кога стана јасно дека чуварот тешко се повредил за време на одмор на скијање.
„Задоволство е да се гледа како се опоравува Ману бидејќи тој напредува секој ден. Вчера слушнав сериозна гужва пред мојата канцеларија бидејќи сите видоа дека тој прави вежби со топка“, изјави Тухел.