Connect with us

Фудбал

Нокаутираше противнички фудбалер, а потоа отиде во полиција: Го загубив здравиот разум (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Доминиканската Република, малку познат дефанзивец на кипарскиот клуб, гласно се извинува за страшниот потег што го направи веднаш по натпреварот со Аполон.

Аполон го победи АЕЛ со 3:1, а овој натпревар од 21 февруари остана во сенка на инцидентот што го предизвика Луили де Лукас.

Овој фудбалер најголемата слава ја доживеа играјќи за фински Хака и шкотскиот Ливингстон, а во центарот на вниманието на јавноста се најде дури сега – за жал по еден неспортски потег. Неколку моменти по крајот на натпреварот, додека сите се уште беа на теренот, играчот на Аполо Елиел Пертез му дофрли нешто на Де Лукас, а потоа и двајцата тргнаа еден кон друг. Де Лукас не ни помисли, туку буквално го удри Перез во глава, а потоа се обиде да го шутне. Останатите играчи интервенираа за да ги смират и да спречат понатамошен конфликт.

А една недела по инцидентот Де Лукас реши да проговори, а како што тврди, за се е виновен Перез кој го навредувал на расна основа. Фудбалерот на АЕЛ се извини за физичкиот напад врз противничкиот играч, свесен дека не требало така да реагира, изјавувајќи дека „го загубил здравиот разум“.

Advertisement