Ракомет
Нора Морк во депресија по хакерскиот напад
Објавените интимни фотографии на Нора Морк, една од најголемите европски ракометни ѕвезди целосно ја „уништија“. Во изјава за медиумите таа вели дека била навикната други да и судат, но по објавувањето на фотографиите се се сменило.
„Навикната сум да ми судат по мојата игра на теренот, а не поради тоа што го правам во мојот приватен живот. Кога за првпат дознав за фотографиите, сакав да купам авионски билет за спротивната страна на светот и да останам таму до Божиќ. Но, не сакав да му дозволам на тој што го направи тоа да ми го сруши сонот да станам најдобра ракометарка на светот“, вели Нора Морк.
Нора Морк има 26 години и е една од најголемите ѕвезди на европскиот ракомет.