Ракомет
Норвешка подобра од Германија
Норвешките ракометари ја совладаа Германија вечерва во Братислава со резултат 28:23 и стигнаа до многу важни бодови во борбата за полуфинале.
Норвешка во овој меч влезе како фаворит и на крајот тој епитет е оправдан.
Германија имаше подобар воведен натпревар. Водеа до средината на првото полувреме, но потоа Норвешка забрза.
Норвежаните ја презедоа контролата на натпреварот. На одмор заминуваа со два гола предност (14:12), а потоа без поголеми проблеми ја завршија работата.
По 60 минути резултатот беше 28:23 за Норвежаните, кои на тој начин дојдоа до значајна победа во борбата за пласман во полуфиналето.
Ерик Тофт ги предводеше Норвежаните со седум гола на овој меч, додека кај Германија Гола постигна четири гола.
Норвешка во следното коло ќе одигра големо дерби со Шпанија, додека Германија ќе има дуел со Шведска.