Connect with us

Ракомет

Норвежаните го наполнија голот на Саудиска Арабија

Ракометарите на Норвешка забележаа убедлива победа над Саудиска Арабија со 40:21 во вториот меч од групата Ц на Светското првенство во Германија и Данска.

Норвешкиот селектор Кристијан Берге имаше можност да одмори дел од клучните играчи во второто полувреме, со оглед на позитивата по првите 30 минути од десет погодоци (20:10).

Најефикасен во победничката репрезентација беше Магнус Род со девет погодоци, додека Еспер Ли Хансен запиша осум гола.

Следен противник за Норвежаните е селекцијата на Австрија.

Селекцијата на Германија исто така забележа убедлива победа над Бразил со 34:21.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама

Повеќе од Ракомет

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com