Фудбал
Нов „Бернабеу“, нов Реал: Marca најавува три спектакуларни трансфери
Од Марка тврдат дека неуспешните обиди на Реал Мадрид да го доведе Мбапе во своите редови во неодамна завршениот летен преоден рок нема премногу да ги наруши плановите на претседателот Флорентино Перед, повикувајќи се на информации дека Кралскиот клуб ќе донесе три спектакуларни засилувања во своите редови следната сезона.
Серхио Рамос и Рафаел Варан неодамна го напуштија Реал, Давид Алаба и Едуардо Камавинга му се приклучија на клубот, а иако речиси целиот преоден рок се обидуваа да го донесат Мбапе, сепак Реал остана без ѕвездата на ПСЖ бидејќи челниците на клубот одбија неверојатна понуда од 200 милиони евра.
Сепак, Реал веќе планира да го доведе Французинот во своите редови како слободен играч следното лето, а Marca тврди дека во своите редови ќе ги донесат и Ерлинг Холанд од Борусија Дортмунд и Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
? Real Madrid are planning a huge 2022 summer transfer window. They want to sign three stars:
? Kylian Mbappé
? Erling Haaland
? Paul Pogba(Source: MARCA) pic.twitter.com/W428VzjTQC
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 7, 2021