Connect with us

Фудбал

Нов договор како награда за Роберто Манчини

Роберто Манчини ја испочитува клаузулата во договорот со Фудбалската федерација на Италија и го продолжи договорот до 2022 година. Тоа значи дека тој ќе ги предводи „Аѕурите“ и на СП во Катар.

Клаузулата беше договорена минатата година, а иако се шпекулираше дека може порано да замине, сепак Манчини ќе остане на клупата на Италија барем до Мундијалот во Катар.

Со рекордни седум победи во седум одиграни мечеви Манчини со Италија веќе обезбеди пласман на ЕП 2020. На клупата на „Аѕурите“ седна две години откако Италија не успеа да се пласира на СП во Русија.