Фудбал
Нов еврогол на Луси против Норвешка, Англичанките лесно до полуфинале (Видео)

Женската репрезентација на Англија убедливо ја победи Норвешка со 3:0 во четвртфиналето на Мундијалот во Франција и ќе игра против домашната селекција, или со САД за пласман во мечот за титула.
Предводени од селекторот Фил Невил, Англичанките рано го отворија резултатот со голот на Џил Скот во третата минута и потоа доминираа.
Елен Вајт во финишот на првото полувреме зголеми на 2:0, а најубавиот момент во четвртфиналето се случи во 57. минута.
Луси Бронз повторно блесна против Норвешка со еврогол од далечина. Третиот и најубав гол на мечот можете да го погледнете ОВДЕ. Луси само потсети на голот што им го даде на Норвежанките во 2015 година.
Just a little case of history repeating
@LucyBronze #NORENG pic.twitter.com/K3HVMklqs7
— FIFA Women's World Cup (@FIFAWWC) June 27, 2019
Англија го чека победникот од дербито меѓу домаќинот Франција и САД во полуфиналето на Светското првенство.
.
Извор: Sportmanija.mk