Connect with us

Ракомет

Нов малер за Словенија – по Доленец и Хенигман се повреди и Габер

На неколку дена пред почетокот на Европското ракометно првенство во Хрватска, Словенија загуби еден од клучните играчи, Матеј Габер заработи повреда.

Габер е еден од клучните играчи во одбраната на Словенија, а одличен е и во нападот, игра на позицијата пивот.

Тој се повредил на тренинг, има скршеница на коска во стапалото, а тоа значи подолга пауза од терените.

Со ова се зголемуваат проблемите за Веселин Вујовиќ кој се уште не знае дали ќе може да смета на Доленес и Хенигам кои тренираат одвоено со надеж дека ќе бидат подготвени за стартот на првенството.

Проблемите во словенечката репрезентација се позитивни за Македонија бидејќи токму против Словенија го почнуваме настапот на Европското првенство, на 13. јануари.