Connect with us

Ракомет

Нов пораз на Македонија, Тунис пресилен за нашите ракометари

Македонската ракометна репрезентациа беше поразена од Тунис во втоприот натпревар од Президент купот со 27:33.

Нашите ракометари лошо го отворија натпреварот и уште на почетокот бркаа негатива од пет гола.

Следуваше период во кој се играше гол за гол, а нашата репрезентација кон крајот на второто полувреме  успеа да се доближи и да намали на негатива од еден гол (13:14), но сепак одличната игра која ја покажа Тунис резултираше со 14:17 на полувремето.

Второто полувреме го започнавме одличлно, серија од три гола за изедначување на 17:17, се држевме се до 45. минута кога резултатот гласеше 21:21, а потоа повторно водството го презеде Тунис и го задржа до самиот крај на натпреварот.

На крај резултатот гласе 27:33 во корист на Тунис.

Филип Кузмановски и Дејан Манасков постигнаа по седум гола, а посебно добар беше Кузмановски со 7/7. Кај Тунис, Дармул имаше осум гола, а Жалуз постигна пет. Последниот меч во групната фаза во Президент Купот, Македонија ќе го игра на 23 јануари од 18:00 часот.