Connect with us

Кошарка

Нов пораз на МЗТ Скопје, пресилен е и Будуќност

МЗТ Скопје доживеа трет пораз од исто толку мечеви во АБА лигата. Вечерва се поразени од Будуќност со 89:66. Противникот силно го почна мечот, поведе со 12-2, а пред крајот на вториот период дојде и до плус 15 (38-23). Сепак, во продолжението од мечот, колку толку се врати МЗТ во игра правејќи серија од 10:1.

Будуќност возврати со серија 19-3 за водство со 60-38, што беше најава за крајниот епилог.

Бре Ајви и Еван Максвел со по 12 поени и по седум скока беа најефикасни во таборот на МЗТ Скопје, додека двоцифрен ефект имаше уште и Дамјан Стојановски со десет поени. Солиден беше и Андреј Магдевски со осум поени и шест асистенции.