Connect with us

Ракомет

Нов пораз за ракометарите, Словенија ја совлада Македонија со 31:21

Published

on

Македонската репрезентација денеска го одигра првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство во ракомет против репрезентацијата на Словенија. Нашата репрезентација беше поразена со 31:21.

Двете репрезентации одлично го започнаа натпреварот, се играше гол за гол.

Нашата репрезентација на средината од првото полувреме имаше два голови предност, но слабата игра во одбеаната и тоа како ја искористија Словенците и на пауза заминаа со 4 голови предност (13:9).

Грешките на нашата репрезентација продолжија и во второто полувреме, па во 36. минута од натпреварот Словенија имаше 6 голови предност (17:11).

Лошата игра на нашата репрезентација беше потврдена и со фактот дека во првите осум минути од второто полувреме постигнавме само два гола.

Генерално Словенија беше по организирана, ги искористи сите грешки на нашата репрезентација и на крајот заслужено славеа со 31:21.

Кај нашата репрезентација несомнено одличен натпревар одиграа голманите Митревски и Томовски.

Advertisement

Facebook