Connect with us

Фудбал

Нов пресврт – Фирмино повторно се сели во Реал

Фирмино (31) по осум години реши да го напушти клубот од „Енфилд Роуд“, бидејќи не сакаше да ја продолжи соработката со англискиот клуб.

Британските медиуми истакнуваат дека бразилскиот фудбалер се уште нема донесено одлука каде ќе ја продолжи играчката кариера, односно дали сака да остане во Европа. Тој наводно е еден од кандидатите кои би биле резервна копија на Карим Бензема во Реал следната сезона.

Со ова продолжија шпекулациите за тоа каде напаѓачот ќе ја продолжи кариерата, а двајцата главни кандидати засега се Реал и Барселона, со кои претходно беше поврзуван.

Фирмино пристигна во Ливерпул во 2015 година од Хофенхајм за 41 милион евра. За англискиот клуб одигра 361 натпревар и постигна 110 голови.

Со Ливерпул освои седум трофеи.