Connect with us

Фудбал

Нов скандал околу Винисиус: Обесен ликот на Бразилецот

Шпанската полиција во вторникот соопшти дека уапсила четири лица осомничени дека извршиле јавна „егзекуција“ на ликот на фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус.

Во јануари оваа година, се вели дека приведените обесиле кукла облечена во дресот на бразилскиот репрезентативец со број 20 од мостот во Мадрид. Предметниот мост се наоѓа на метри од тренинг комплексот на Реал.

Приведените, кои поставија и плакат на кој пишува „Мадрид го мрази Реал“, се обвинети за злосторство од омраза и се очекува да се соочат со други обвиненија.

Во неделата, Винисиус беше расно малтретиран на стадионот Местаља за време на гостувањето на Реал Мадрид кај Валенсија. Бразилецот и во минатото беше цел на слични напади.