Фудбал
Нов скандал во ФИФА, функционер суспендиран поради сексуално злоставување на фудбалерки
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на пет години суспендираше официјален претставник на Авганистан, бидејќи не пријавил информации за сексуално злоставување на фудбалерки.
Сајед Агазага ќе го загуби местото во Извршниот комитет на Азиската фудбалска конфедерација, само еден месец откако е избран на таа позиција.
ФИФА наведе дека тој знаел за тоа злоставување и дека имал должност тоа да го спречи и пријави,
Репрезентативките на Авганистан обвинија неименувани челници на нивата фудбалска федерација за долгогодишно сексуално злоставување, но и прикривање на случајот.
ФИФА во јуни доживотно го суспендираше долгогодишниот претседател на Фудбалската федерација на Авганистан Керамудин Карим, по обвинувањата од страна на дел од репрезентативките за повторно сексуално злоставување.