Connect with us

Фудбал

Нов убедлив пораз на Тотенхем, овој пат од Брајтон

Лошата игра на Тотенхем продолжува. Овој тим и дефинитивно не наликува на екипата која минатата сезона играше финале во Лигата на шампионите. Нов убедлив пораз, овој пат од Брајтон со 3:0 доживеја тимот на Маурисио Покетино.

Тотенхем во моментов е на шестото место на табелата, но со оглед дека не е комплетирано 8.коло во Премиер лигата, најдоцна до вечерва ќе ја задржи позицијата, а потоа сигурно ќе падне уште неколку места.

По овој пораз уште повеќе се тресе позицијата на Покетино. Уште поголем проблем за Тотенхем е што голманот Хуго Лорис забележа сериозна повреда, односно ја скрши раката и ја напушти играта во 8.минута.