Connect with us

Фудбал

Нова доза на тензија во Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард го демантираше менаџерот Ралф Рангник, кој вчера прокоментира дека играчот побарал неколку дена одмор за психички одмор.

Се претпоставува дека тоа се должи на фактот што во последниот преоден рок на спортистот не му беше дозволено да замине. Претпоставувам дека во понеделник ќе се врати на тренинзите и ќе биде дел од тимот“, изјави германскиот специјалист.

Меѓутоа, на својот Твитер профил, неколку часа подоцна, Лингард го напиша следново: „Клубот ме советуваше да одморам некое време од лични причини! Но, мојата глава е чиста и секогаш ќе бидам професионалец кога ќе бидам повикан да играм, давајќи 100% од себе. 

Во последните денови на пазарот, Лингард беше силно баран од Њукасл, но поради тоа што се случи со Мејсон Гринвуд и раскинувањето со некои други играчи, Рангник реши да го задржи младиот човек во клубот.